Get Adobe Flash player
Повеќенаменска алатка со стил
26.01.2008
leatherman-skeletool-cx.jpgЕден од најдобрите светски производители на повеќенаменски алатки погодни за носење в џеб и корисни во секоја ситуација, Leatherman го претстави својот нов продукт на иднината.

Инспирацијата при конструирањето и производството на оваа повеќенаменска алатка наречена Skeletool, доаѓа од сферата на мотоспортот, поточно од техниката на бушење на дупки и отвори во одредени елементи. Пред се кај подвозјето заради олеснување на т.н. не суспензирани маси.

Сето ова во Leatherman го пренеле во производство на една од најлесните повеќенаменски алатки на пазарот со бушење дупки во дршките, што покрај помалаа тежина му даваат и современ хајтек лик. 

Во понуда се два модели од истата алатка. Значи Skeletool и Skeletool CX. Првиот модел има дршка од термички обработен не`рѓосувачки челик, а вториот дршка од челик преслечен со филм од волфрам.

Тајната лежи во многу тврдата структура на волфрамот кој е еден од најтврдите елементи после карбонот - јаглеродот и исто така има највисока точка на топење од сите елементи, повторно после карбонот. Неговата природна темно сива боја е виновна за хајтек ликот на Skeletool CX и за екстремната отпорност на гребење.

Повеќенаменската алатка нуди на располагање шпиц клешта, секач на жица, нож со делумно назабено сечиво кој се отвора со една рака, два рамни штрафцигери плус два крстачи и карабинер кој воедно служи и како отворач за шише. За полесен транспорт Skeletool има и шнола која по потреба може да се извади што ја прави совршена како прва помош за на пат.

leatherman-skeletool.jpg

 

 

 

Facebook