Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Хирвонен ќе вози за Citroen
17.11.2011

Во спортот можат да се спојат и навидум неспојливите работи. Така годинава најголемите соперници во Светскиот шампионат во рели, Себастијан Лоеб и Мико Хирвонен в година ќе возат во ист тим.

loeb-hirvonen-1-2011-1

Мико Хирвонен и неговиот совозач Јармо Летинен потпишаа договор со тимот на Citroen и во 2012 и во 2013 година ќе им бидат партнери на осум кратниот светски шампион во рели Себастијан Лоеб и неговиот совозач Даниел Елена.

Финскиот екипаж зад себе има сериозни остварувања во светското рели каде во 124 стартови оствариле 14 победи и 51 подиум што доволно говори за нивната постојаност која им е најпотребна на тимовите во трка за конструкторската титула.

Што се однесува до Себастијан Ожие и неговиот совозач Жулиен Инграсија, Citroen одлучи да го прекине нивниот договор кој требаше да трае до декември 2013 година.

Нивната судбина е неизвесна, но најверојатно ќе завршат во тимот на Ford каде ќе бидат партнери на Јари-Мати Латвала и на Мика Антила. Како и да е Citroen во следните сезони ќе ги има најдобрите екипажи во светското рели.

Ова треба да му донесе примат во шампионатот за конструктори во следните две години. Што се однесува до политиката внатре во тимот Citroen ветува еднаквост меѓу екипажите и подеднакви шанси за борба за возачка титула.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook