Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Доминација на Гронхолм во Финска
07.08.2007
gronholm-1Следнава реченица би звучела најубаво кога би се изговорила наизуст. Двајца Финци со два WRC болиди на Ford ги освоија двете највисоки позиции на Рели Финска.

Маркус Гронхолм со освоената победа застана на највисокото скалило на подиумот, додека неговиот тимски другар Мико Хирвонен заврши веднаш зад него.

Двоецот на Ford доминираше на нивниот домашен настан оставајќи го далеку зад себе актуелниот светски шампион Себастијан Лоеб кој со својот Citroen финишираше како трет.

Оба е седма победа на Гронхолм на Релито Финска што претставува рекорд во современата историја на Светскиот шампионат во рели – WRC.

Австралиецот Крис Аткинсон со подобрената Subaru Impreza возеше солидно низ финските шуми и го заврши релито на четвртата позиција.

„Победата во Финска и 10. бода се многу важни за мене во годинешната потера по шампионската титула,” изјави Гронхолм по релито.

А зошто? Бидејќи следното рели од Светскиот шампионат се вози на асфалтот во Германија, настан кој во сите свои изданија до сега минал во целосна доминација на Лоеб.

Гронхолм за кого кружат гласини дека ќе ги обеси на закачалка своите тркачки патики на крајот од сезоната, во моментов води во шампионатот за возачи со 13 бода пред Лоеб.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook