|
19.11.2007 |
На еден настан до крајот на годинешниот Светски шампионат
во рели тимот на Ford на чело со Маркус Гронхолм ја освои втората по ред
шампионска титула за производители.
Младиот Мико Хирвонен и лидерот на тимот кој по крајот на
сезоната го напушта релито Маркус Гронхолм со константни перформанси во текот
на целата сезона му овозможија на Ford да ја одбрани на
титулата.
На претпоследниот настан од сезоната Рели Ирска доминираше
Себастиен Лоеб и се постави на полпозиција за освојување на четвртата едно по
друго шампионска титула за возачи. Тој прикажа неверојатни перформанси и го
искористи излетувањето на Гронхолм за да се закити со уште една победа.
Со победата во Ирска, Лоеб му избега на Гронхолм за шест
бода со само уште едно рели на крајот од сезоната. Релито во Велика Британија
каде ќе се одлучува шампионот меѓу возачите.
Гронхолм излета на четвртиот брзински испит. Од ударот во
ѕид од камен двете тркал од левата страна беа откорнати заедно со суспензијата.
Финецот беше однесен во болница заради превентивен преглед и веднаш беше
пуштен.
Но, ниту на Лоеб не му беше лесно. Тој промаши повеќе
крстосници и се сврте повеќе пати од било кое рели до сега во неговта кариера. Второто
место му припрдна на неговиот тимски другар Даниел Сордо, а трет на подиумот
застана младиот Финец, Јари-Мати Латвала со Ford.
|