Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Гронхолм оди во пензија
21.09.2007
gronholmТимот на Ford објави дека водечкиот во светскиот шампионат во рели Маркус Гронхолм и неговиот совозач Тимо Раутиаинен ќе се повлечат на крајот од годинешната сезона.

Повлекувањето на Гронхолм и Раутиаинен е вистинско изненадување бидејќи неодамна добија признание како едни од најдобрите екипажи во историјата на светското рели.

Гронхолм и Раутиаинен зад себе веќе имаат два светски наслови. Во моментов водат во шампионатот за возачи со десет бода пред екипажот на Citroen, Себастиен Лоеб и Даниел Елена.

„Ова е неверојатно тешка одлука за мене,” изјави Гронхолм. „Релито беше мој живот толку многу години и кога ќе стартува Монте Карло во јануари следната година ќе ми биде чудно што нема да бидам таму. Но, ова е вистинското време за мене да ставам крај на мојата кариера во рели. Сакам да се повлечам додека сеуште сум на врвот и сум доволно брз за да победувам на релијата. Не сакам да го одолговлечам повлекувањето за време кога веќе нема да можам да победувам.”

„Сега кога одлуката е донесена би сакал да се сконцетрирам на преостанатите пет релија од сезоната. Во моментов водиме и во шампионатот за возачи и за конструктори и не би сакал ништо повеќе отколку да ја завршам кариерата со уште една титула.”

Гронхолм ја започна кариерата во 1987 но успехот дојде многу години подоцна. Минаа дури 13 години за да биде повикан од тимот на Peugeot за да настапува како фабрички возач во WRC. Набрзо потоа ја освои првата победа и двете шампионски титули седејќи зад воланот на разјарениот лав.

Финскиот екипаж е вториот најуспешен дует во светскиот шампионат во рели на сите времиња.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook