Get Adobe Flash player
„Јари-Мати Латвала е сериозен противник”
05.03.2008
sebastien-loeb-1.jpgОва е заклучокот на светскиот шампион Себастијан Лоеб кому само среќата, односно проблемите на Латвала му ја донесоа победата на трет настан во сезоната релито во Мексико.

По завршувањето на релито Лоеб призна: „Победивме, но не беше лесно”. Вториот возач на Ford, дебитантот во светскиот рели шампионат како фабрички возач, Јари-Мати Латвала притискаше се до крајот на релито и го примора Лоеб да си го заслужи епитетот најдобар во светскиот шампионат во рели.

Претходно споменатиот пасус - вториот возач на Ford – е само привиден статус на Финецот бидејќи Латвала далеку го надмина својот тимски другар и прв возач во тимот Мико Хирвонен. По победата во Шведска, Латвала тргна жестоко и во Мексико, водеше на крајот од првиот ден и на стартот од вториот ден.

Сепак, среќата овој пат не му беше наклонета. Во саботата попладне имаше проблеми со турбополначот и падна на трето место. Но, не се откажа. Продолжи да напаѓа и на последниот ден од релито, сепак заостанувањето беше преголемо и мораше да се задоволи со третото место.

Второто место му припадна на Крис Аткинсон со Subaru, препуштајќи му ја третата по ред победа на Лоеб на релито во Мексико.

Четвртото место го освои Хирвонен, кој мака мачеше од лошиот избор на гуми и многубројните дупнувања. Воедно за Хирвонен голем хендикеп претставуваше лидерската позиција во шампионатот за возачи.

Поради ова тој стартуваше прв и ја имаше улогата на метач чистејќи го патот од лошиот чакал оставајќи им тврда подлога на останатите натпреварувачи.

Во секој случај на крајот од релито и Хирвонен ја призна вештината на Латвала и додаде дека мора да се подобри доколку сака да се бори пртив Лоеб. „Морам да ја најдам таа ектра брзина, во спортивно ќе морам да се збогувам од борбата за шампионска титула,” заклучи Хирвонен.

Тој продолжува да води во шампионатот за возачи пред Себастијан Лоеб и Латвала, но проблемот е во тоа што разликата во однос на најлутите ривали е драстично намалена и сега му бега 1 бод на Лоеб и едвај 5 бода на Латвала.

Шампионат возачи:

1 Мико Хирвонен - 21
2 Себастиен Лоеб
- 20
3 Јари-Мати Латвала
- 16
4 Крис Аткинсон
- 14

Шампионат производители:

1 BP Ford Abu Dhaby World Rally Team - 37
2
Subaru World Rally Team – 25
2 Citroen Total World Rally Team – 25
3 Stobart VK M-Sport Ford Rally Team - 19


 

 

 

Facebook