Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Колин Мекре загина во хеликоптерска несреќа
17.09.2007
mcrae-1Тажни моменти за светот на мотоспортот и за семејството на супер ѕвездата во рели Колин Мекре. Неговиот хеликоптер се срушил вчера попладне не оставајќи преживеани.

Според менаџерот на Мекре, Жан-Ерик Фројдигер, тој сам пилотирал со хеликоптерот и се верува дека неговиот пет годишен син Џони бил со него како и уште еден непознат човек и уште едно дете.

Локалното население тврди дека со него бил неговиот најдобар другар со кого се познавале уште од школските денови.

Хеликоптерот се срушил 800 метри од домот на Мекре во Џарвисвуд во Ланаркшир во Шкотска и веднаш пламнал. Сопругата на Мекре, Алисон и нивната девет годишна ќерка Холи не биле во хеликоптерот.

Полицијата сеуште работи на препознавање на телата бидејќи истите се јагленосани во пожарот.

Кариерата на Мекре почна на седум годишна возраст натпреварувајќи се со крос мотоцикли. На 12 години веќе се натпреваруваше, а на 14 стана јуниорски шампион.

Во 1985 со наполнети 17 години двете тркала ги замени со четири на своето прво рели во Камес во Шкотска каде заврши четиринаесети. Потоа следеа двете едно по друго шампионски титули во рели. 1991 и 1992 Мекре беше шампион на Британија, а круната дојде во 1995 кога стана светски шампион во рели.

Мекре воедно му помогна на Subaru да освои три конструкторски титули во деведесетите и една на Citroen во 2003. Обидите на Дакар и во Леман го одбележаа периодот кога го напушти релито.

Од 2004 Мекре работи на развојот на сопствен автомобил McRae R4 кој набрзо требаше да настапи на пустинските релија пред ултимативниот тест на Дакар 2008.

Како човек со голема вештина и многу таленти, Мекре ќе им недостасува и ќе биде оплакуван од семејството, пријателите и фановите ширум светот.

mcrae-2mcrae-3mcrae-4

 

 

 

mcrae-5mcrae-6

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook