Get Adobe Flash player
Латвала ја освои Шведска
11.02.2008
latvala-pehar-1.jpgНовиот возач на Ford, Финецот Јари-Мати Латвала успеа да се закити со победнички пехар на своето второ рели како фабрички возач на еден тим остварувајќи ја својата прва WRC победа во кариерата.

Ова е една возхитувачка победа за младиот Финец, кој не само што го победи својот искусен тимски дургар Мико Хирвонен, туку успеа да биде побрз и од четирикратниот светски шампион Себастијан Лоеб.

Првиот возач на Citroen најверојатно ќе сака што побрзо да го заборави годинешното рели во Шведска. Прво поради извонредно тешките услови, второ затоа што го преврте својот С4 на 4. брзинец, заработи казна за брзо возење на патна секција и на крајот се откажа поради уништена спојка.

Првиот возач на Ford, Хирвонен заврши веднаш за Латвала, а третото место го освои Џанлуиџи Гали. Сепак, целото внимание на релито беше насочено кон Латвала. Тој го победи Хирвонен со разлика од безмалку 1 минута и со своите 22 години стана најмладиот возач во историјата што победил на рели од светскиот шампионат.

Рекордот претходно му припаѓаше на трагично загинатиот Хенри Тоивонен кој во 1980 на возраст од 24 години го освои релито на Велика Британија. „Хенри беше еден од моите идоли и потајно од секогаш се надевав дека ќе успеам да го соборам неговиот рекорд како најмлад победник,” изјави Латвала на крајот од релито.

„За мене релито започна одлично уште од првиот брзинец. Не направивме ниту една грешка и автомобилот беше совршено поддесен бидејќи имав апсолутна контрола. Многу сум среќен поради тоа. Сега сум многу порелаксиран. Овој резултат ми даде дополнителна самодоверба и едвај чекам да стартувам во Мексико,” го заврши својот говор младиот победник.

Во моментов првиот возач на Ford, Хирвонен води во генерален пласман за возачи со 16 бода додека Лоеб и Латвала се зад него со по 10 бода.

latvala-brzinec-1.jpglatvala-podium-1.jpg

 

 

 

Facebook