Get Adobe Flash player
Лоеб се закити со 4. титула по ред
03.12.2007
loeb-elena-2007-champions.jpgСебастиен Лоеб си обезбеди место во историјата на Светскиот шампионат во рели како прв возач кому му пошло од рака четири пати едно по друго да стане светски рели шампион.

Лоеб стигна до титулата завршувајќи го последното рели од сезоната во Рели Велика Британија на третото место. Возачот на Citroen кому четвртата титула му беше на дофат на дланка возеше разумно во текот на целиот настан и заврши зад Гронхолм.

Со ваквиот пласман Лоеб ја доби титулата само со четири бода повеќе од Маркус Гронхолм. Односно Лоеб ја заврши сезоната со 166 бода, а Гронхолм со 112.

Третот место во шампионатот за возачи му припадна на победникот на релито во Британија и тимскиот другар на Гронхолм, Мико Хирвонен. Финецот сезоната ја заврши со 99 бода и покажа зошто тој треба да биде лидер на тимот на Ford следната година.

Гронхолм кој возеше на своето последно рели на крајот од настанот беше поспор за 15,2 секунди од Хирвонен, додека Лоеб заостануваше 1 минута и 33 секунди зад победникот.

Гронхолм ја загуби титулата на предпоследното рели од сезоната Рели Ирска кога се удри во ѕид уништувајќи го автомобилот. „Секако дека сум разочаран, ова беше тешко рели, но јас ја загубив титулата во Ирска,” призна Гонхолм на крајот од своето последно рели во кариерата.

Светскиот шампион Лоеб преплавен со емоции од постигнатиот успех изјави: „Годинешниот шампионат беше неверојатен. Водевме голема, голема борба со Гронхолм низ цела сезона и да се освои титулата со само 4 бода разлика навистина е голем момент. Ова е мојата најголема битка и најубава сезона. Навистина сум среќен, четири титули по ред и го изедначив рекордот на Томи Макинен. Тоа е супер.”

Четвртото место на релито му припадна на Солберг за кого заврши уште една тешка сезона во WRC, петти заврши вториот возач на Citroen, Даниел Сордо. Шпанецот во генерален плсаман беше поуспешен од Солбер и ја заврши сезоната четврти.

gronholm-2007-goodbye-rally.jpgloeb-rally-gb-2007-champion.jpghirvonen-rally-gb-2007-wine.jpg

 

 

 

Facebook