Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Рели околу Медитеранот
30.05.2007
gronholmacrПедесет и четвртото по ред Рели Акрополис е исклучителн настан кој ќе ја обележи завршницата од првата половина на сезоната во Светскиот шампионат во рели.

Викендот од 1 до 3 јуни натпреварувачите ќе тргнат во откривање на околу 100 километри нови патеки благодарение на ревидираната маршрута на релито.

Минатата година организаторите го преместија седиштето на релито на Олимискиот стадион во Атина. Градот останува не сменет, но штабот на релито се префрла од Олимпискиот стадион на хиподромот конструиран за Олимписките игри во 2004 година.

Петте нови патеки ќе се користат за брзинските испити 1/17/23, 2/6, 11/15 и 19/22. Останатите брзинци се идентични со оние од минатата сезона.

Вкупнната должина на 54. Рели Акропилис изнесува 1.572,33 километри од кои компетитивни се 334,44 km, распоредени на десет различни патеки и поделени во 20 брзински испити, плус 3 специјални брзинци кои ќе се возат на посебно подготвената патека на Олимпискиот хиподром.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook