Get Adobe Flash player
Subaru си заминува од WRC
18.12.2008
subaru-impreza-wrc-1.jpgЛегендата на релито, неприкосновениот син ѓавол, Subaru, го напушта Светскиот шампионат во рели. Веста ја обиколи планетата, а љубителите на релито веќе тагуваат.

По најавата на Suzuki дека го напушта Светскиот шампионат во рели, следи и откажувањето на Subaru. Ова значи дека во 2009 единствените фабрички тимови кои ќе учествуваат во WRC ќе бидат Citroen и Ford.

Subaru е марка која ужива најголем престиж во светот на релито. Во текот на повеќе од две децении учество во спортот Subaru успеа да освои шест шампионски титули.

Големиот успех посебно се должи на моделот Impreza која во различни изданија ја гледаме на рели патеките ширум светот од 1994.

Спортската програма на Subaru придонесе за подигање на имиџот и ја претвори марката во култен производител на спортски автомобили под чива хауба работат исклучиво боксер мотори.

Очигледно е дека глобалната економска криза принуди една автомобилска легенда да се повлече од спортот и да го напушти Светскиот шампионат во рели.

Глобалната криза не е единствената причина зошто Subaru си заминува од релито. Тука голема улога играат и новите правила во WRC за 2010.

Тогаш стартува спецификацијата на автомобили за рели Super 2000 кои 2.0 литарските турбо мотори ќе ги заменат со атмосферски што практично ќе го принуди Subaru да создава сосем нов автомобил.

Subaru и неговиот партнер во светот на релито британската фирма Prodrive тука ја гледаат својата шанса. Тие веруваат дека менувањето на правилата им отвора шасна за повторно влегување во релито во 2010 со нов тим кој ќе биде создаден врз основата на преку две децении искуство во релито.

Паузата од една сезона ја гледаат како период на подготовки пред да стартуваат во 2010 со нови сили и нов автомобил во потера по нова шампионска титула.

 

 

 

Facebook