|
17.12.2008 |
По само една сезона учество во Светскиот шампионат во
рели со својот првенец SX4, Suzuki, одлучи да го напушти шампионатот поради тешката ситуација
предизвикана од финансиската криза.
Suzuki првпат влезе во светот на релито во 2002 во Светски
шампионат во рели за јуниори или Junior WRC и по пет години стекнување искуства
годинава одлучи да се фати во костец со големите момци од WRC.
Зад воланот на рели монструмите на Suzuki
се најдоа искусниот Тони Гардемајстер и јуниорскиот рели шампион Пер-Гунар Андерсон.
Suzuki сезоната ја заврши на петото место, но затоа неговиот тим,
Suzuki World Rally Team, го доби епитетот тим што најмногу ветува во светскиот
шампионат.
Според оценките на експертите ова беше една многу успешна
сезона за јапонците бидејќи успеаја да стекнат големо искуство со цел
подобар настап во следната 2009.
За жал борбата за големи достигнувања во светот на релито
за Suzuki ќе продолжи во некои други подобри времиња кога
автомобилската индустрија нема да биде толку многу притисната од економска
криза.
|