|
12.01.2008 |
По долгите подготовки дојде денот кога Suzuki официјално влегува
во највисоката класа во WRC каде ќе им
се спротивстави на исксуните тимови на Citroen, Ford и на Subaru.
Возачката
постава е релативно млада, но искусна Лидер на возачкиот тим ќе биде Тони
Гардемајстер, поранешен фабрички возач на Skoda и на Ford кој минатата
година прикажа извонредни резултати со приватен Mitsubishi Lancer и исто така со
приватна Citroen Xsara.
Втор возач в тимот е Пер-Гунар Андерсон кој зад себе веќе
има две јуниорски титула, а своето искуство во релито го стекуваше и созареваше
заедно со тимот на Suzuki
од неговите почетоци во светското рели.
Главниот човек што стоеше зад целиот проект на SX-4 е поранешниот
технички директор и конструктор во Peugeot Sport, Михаел Нанадан, но тој го напушти тимот на крајот од
мината сезона и е заменет со главниот инженер во Suzuki, Шуске Инагаки.
|