Get Adobe Flash player
Втора победа по ред за Гронхолм
04.06.2007
gronholmacrПонесен од успехот на Рели Сардинија, Гронхолм се докопа до нова победа. Го освои релито Акрополис надвозувајќи го на грубиот макадам својот најголем ривал Себастиен Лоеб.

Со победата во Грција возачот на Ford го зацврсти водството во генерален пласман и сега има 9 бода повеќе од Лоеб.

Гронхолм одлично тргна поведувајќи го релито првиот ден. Но, стартувајќи прв на останатите брзински испити значеше дека губи многу време чистејќи ги патеките од чакал.

Сепак, не му требаше многу да фати ритам враќајќи се на врв откако го превзеде водството од Крис Аткинсон од Subaru. По првиот маратонски брзинец на вториот ден од релито Гронхолм создаде предност која ниту светскиот шампион Лоеб неможеше да ја стигне.

Првиот возач на Citroén имаше дупната гума на 14 брзинец и призна дека премногу ги уништува своите гуми во потерата по Гронхолм.

Гронхолм се надмина себе си на крајот од релито победувајќи со повеќе од 38 секунди разлика пред Лоеб и повеќе од минута и половина пред третопласираниот Солберг.

Караванот на Светскиот шампионат во рели ја заврши првата половина од сезоната и сега оди на заслужен одмор во траење од два месеци.

 

 

 

Facebook