Get Adobe Flash player
Антифриз и лете и зиме
09.11.2007
stavanje-antifriz.jpgСредството што струи во системот за ладење во моторот или популарно наречено антифриз нашироко е познато дека врши повеќе функции.

Покрај онаа примарната да го чува моторот од прегревање и од смрзнување зиме, го чува и од корозија.

Главната состојка во антифризот е моноетиленгликол, а покрај него има и други супстанци кои содржат антикорозивни додатоци што го чуваат моторот и целиот систем од корозија, а притоа обезбедуваат и долготрајна заштита.

Сите овие суспстанци вклучувајќи го и моноетиленгликолот се еколошки подобни за да ги задоволат најновите норми за заштита на животната средина. Покрај тоа антифризот мора да ги задоволи и нормите поставени од страна на производителите на автомобили.

Бидејќи пазарот е преплавен со ралични видови на антифриз купувачот се исправува пред проблемот каков антифриз да се купи. Најумно е изборот да падне на оној што веќе сте го користели или пак марка која е нашироко позната.

Доколку редовоно го менувате антифризот во овластен сервис тогаш нема потреба да се грижите за видот или за марката бидејќи во сервисот најдобро знаат што е добро за вашиот автомобил.

Во дуќан антифризот може да се најде како концентрат или веќе разреден па така ви останува само да го долеете во садот со течност за ладење. За да нема двоумење и двете врсти на антифриз се со ист состав, разликата е во цената.

Имено антифризот што се продава како концентрат е поевтин од разредениот, а воедно може точката на замрзнување и на вриење да ја менуваме во зависност од количеството на вода со која ќе го измешаме.

Овој начин дава слобода, но, и тука има правила.

За да се обезбеди доволно добра антикорозивна заштита, точка на замрзнување и на вриење најмалото количество на антифриз во водата треба да изнесува до 30 проценти. Преку ова не е пожелно да се оди. Сепак доколку производителот наведува поинаку треба да се постапи според неговите напатствија.

 

Најчесто концентрацијата од 30 проценти антифриз во водата обебзедува точка на смрзнување од -18°С и точка на вриење од 104°С.

Доколку концентрацијата на антифриз е 50 проценти тогаш и параметрите се менуваат. Така се добива точка на смрзнување од -36°С и точка на вриење од 106°С. Секако овие податоци не се фиксни и можат да варираат. Се зависи од видот на антифризот, а за да се биде сигурен најдобро е да се следи табелата за висина на концентрацијата дадена од производителот.

При мешање на антифризот со вода покрај дестилирана, доколку нема, може да се користи и обична вода од чешма. Притоа бигорот од што зависи и тврдината на водата не делува негативно на ефикасноста на антифризот. Но, сепак ова не се препорачува. Податокот служи во случај на нужда.

Вака подготвениот антифриз има исти својства како и претходно разредениот. Нема опасност од раздвојување на смесата од антифриз и вода. Смесата исто така не се таложи во моторот и во ладилникот и може да се користи повеќе години во зависност од концентрацијата на антифриз во водата. Сепак и при концентрација од 50 проценти не се препорачува користење на антифризот повеќе од три години.

 

 

 

Facebook