Get Adobe Flash player

Без ламели гумата не се лепи на снег
06.11.2007
zimska-guma-lameli.jpgГолем број на возачи и зиме продолжуваат да возат со летни гуми. Лани и немаше толку лоша зима и ако профилот на летните гуми е доволно длабок не би можело да се случи нешто многу страшно. Или?

Сосема погрешно мислење, кое (се уште) владее кај повеќето од возачите на автомобили. Но, и тие оваа зима порано или подоцна ќе дојдат во ситуација кога ќе дознаат дека зимските гуми се неопходни.

На снег и мраз летните гуми, едноставно, немаат никакви шанси. Последиците од тоа се пролизгување на тркалата, блокирани крстосници, хаотичен сообраќај и повеќечасовно чекање за сите учесници во сообраќајот - и за тие што се подготвиле за зимата.

Дури и со зимски гуми, возачот треба да е малку вешт на лизгав пат. Но, од друга страна, со летните гуми не би можел да направи ништо. И не треба да не чуди бидејќи без малите пресеци во профилите, таканаречените ламели, летниот пневматик достигнува само една петтина од силата на повлекување на зимската гума. Згора на тоа, смесата на летните гуми при температури пониски од нула степени се скрутува.

При сопирање од 50 km/h на разгазена снежна покривка со летни гуми се губат драгоцени 20 метри од безбедносната резерва. Тоа значи дека возилото би удрило со брзина од 35 km/h. Навремената инвестиција за зимски гуми, во секој случај, е поевтино решение.

Ако некој сака да вози на снег тогаш безусловно мора да има зимски гуми и покрај фактот дека зимите се почесто се само влажни лета.

 
Get Adobe Flash player