Сигурно не помислувате да излезете без да
исчеткате заби и да измиете лице. Тогаш зошто би помислиле дека можете да
тргнете на долг пат за на одмор без да го подготвите автомобилот.
Подгответе се себе си и својот автомобил за да си го
направите патувањето полесно, поекономично и побезбедно за сите.
Во следните редови ќе ве потсетиме на некои важни финти и
проверки кои ќе ви го напрват патувањето вистинско уживање. Повеќето од нив ги
правите редовно, но пред тргнување на подалечен пат потребна е и некоја
вонредна процедура.
Гуми и Масло
Ова се два фундаменти пред да се тргне на пат. Што се
однесува до гумите понекогаш се чини и претерано да бидат споменати но грижата
за нив ќе ви заштеди пари, а може да ви го спаси и животот.
Прво проверете што пропишува производителот за притисокот
во вашите гуми. Доколку производителот не забележал колкав треба да биде
притисокот при полно оптоварување, што сигурно ќе ви се случи со толкав багаж и
дребулии за на одмор, зголемето го за 10 проценти.
Не им верувајте на мерачите за притисок на бензинските
пумпи. Користени се премногу за да покажуваат точна вредност. Напумпајте и
проверето со вашиот личен мераш. Доколку немате наш совет е да купите еден. На
крај тој е поевтин отколку оштетена гума.
Задолжително проверете го и резервното тркало. Ќе ви
заштеди многу мака.
Проверете ја и длабочината на профилот. Поплиток од 3
милиметри на две третини од ширината на гумата знак за тревога. Гумите секогаш
менувајте ги во пар. Или пак ако сте во можност сите одеднаш.
Масло
На моторот му треба масло. Проверката се прави на ладен
мотор, не додека моторот работи и не додека моторот е топол и автомобилот треба
да стои на хоризонтална површина – како да не знаевме.
Доколку има потреба дополнете. Но не претерувајте. Нивото
не смее да ја мине максималната вредност на мерачот бидејќи може да оштети
некои важни компоненти пред се катализаторот.
Пред дополнуање проверете го вискозитетот. Треба да
одговара на маслото што веќе работи во вашиот мотор.
Дали гледате?
Ѕиркањето низ гус облак од бубачки залепени за
ветробранот никогаш не е пријатно, а уште помалку е безбедно. Затоа не паѓајте
во искушение да не наполните течност за миење стакла. Ставење вода од чешма
само го влошува прблемот бидејќи повеќе замачкува отколку што мие.
Проверете ја состојбата на брисачите. Изсчистете ги
доколку на нив има залепено ѓубре и заменете ги со нови доколку има потреба. Не
штедете на нив.
И на крај доколку прскалките се погодуваат каде што треба
потрошете неколку минути, прочепкајте ги со игла и поддесете ги. Безцелно е
доколку ги бањате минувачите или пак соседните автомобили.
Ладете се
Ако вообичаено го користите автомобилот за до работа или
овде-онде низ град, долг пат натоварен со багаж, жена и деца може да предизвика
проблеми.
Сигурно не сакате вашите најмили да изгорат на сонце
стоејќи крај пат додека автомобилот чади како парна локомотива. Затоа нејдобро
е да долеете малку течност за ладење.
Немојте да претерувате со полнењето на садот бидејќи така
се спречува нормалниот циклус на затворениот ситем за ладење.
Исто така проверете го и клима уредот. Доколку се мачи да
ве разлади низ град уште помалку ќе ве разладува на пат со повеќе луѓе во
кабината. Затоа отидете на мајстор. Нека го проверат системот и нека го
дополнат ако треба.
Светлата се супер
Никогаш не верувајте на оваа изрека. Најдете ли светилка
што не работи не ја игнорирајте. На повеќето автомобили замената на светилките
е пет минути работа. Доколку тоа не е случај со вашиот автомобил задолжително
посетете сервис.
Паркирајте три деца на задната клупа и уште половина тон
терет во багажникот и ќе имете супер лајтшоу на небо. Сменете го аголот на
светлата и рачно ако не може поинаку за да гледата као што треба и да не ги
заслепувате возачите отспротива.
И дури и ако не сакате да го измите автомобилот, измите
ги светлата.
Не заборавајте!
Во зависност од колку простор ви останал по пакувањето не
заборавајте на следниве работи кои ќе ве усреќат: шише со
течност за миење стакла, течност за ладење, литар масло, комплет сијалички,
комплет осигурувачи, кит за прва помош, сајла за влечење, тријаголник,
батериска лампа, флоуросцентен елек.
Сите овие реквизите не чинат многу, но живот значат.
|