|
09.07.2007 |
Повеќе од нас веднаш претпоставуваат дека најширокото
парче гума со кое можеме да ги обвиткаме нашите тркала е идеален избор, но не е
секогаш така.
Според истражувањето спроведено од германскиот ADAC, одговорот
лежи во сопствените очекувања. И широката и тесната гума имаат предности и
недостатоци и оптимално се прилагодени за различен начин на возење.
Во ADAC за своето истражување користеа KIA Cee’d со пет
различни комбинации на гуми. Испитувајќи ги сопирањето и управувањето на мокра
подлога, аквапалнинг и однесување на суво. Потоа се испитуваа комфор, бучава и
отпор при тркалање.
Заклучокот е еквивалентен на она што сите ние го знаеме и
претходно.
Широките гуми се подеднакво добри и на мокро и на сувo.
При сопирање од 100 km/h широките гуми сопираат за 5,2 метри покусо.
Но, аквапланинг се појавува на 69 km/h кај
широките гуми додека тесните возат низ вода без аквапланинг до 80 km/h. Потесните
гуми исто така искажуваат предност со поголем комфор и намалена бучава.
Значи да сумираме: широките
гуми нудат подобри возни својства на сметка на комфор и економичност.
|