Сите понуди го ветуваат истото:
„Местење километража за 50 евра – брзо, чисто, сигурно”. Откако електронските
километражи го вртат победничкиот круг ваквите понуди ги има насекаде
Враќањето стана спорт на автомобилџиите, со цел да се постигне поголема добивка
при продажбата на користените возила.
Како се врши манипулацијата?
Секаде може да се купи најобичен преносен компјутер
за неколку стотини евра, кој содржи софтвер за манипулирање со сите возила на пазарот. Се
добиваат и обемно илустрирано упатство и кабли со различни приклучоци, за секој
модел посебнo. Зависно од тоа колку е нов софтверот кај многу возила
километражата може да се намести по желба без да се извади каков било дел од
возилото, само со приклучување на уредот за манипулирање на ОBD интерфејсот, кого
го поседува секое ново возило. Само кај некои модели мора да се отстрани тахото
или контролната електроника, а во ретки случаи е потребно и лемење. Но, и во
тие случаи саканата километража може да се впише и да се меморира во возилото
по приклучувањето на компјутерот за манипулација.
| Овие кабли одговараат во секое возило |
Само кај некои возила мора да се
расклопи тахото
|
Може да се впише која било километража
|
|
 |
 |
Што е дозволено?
Производството, продажбата,
поседувањето и користењето на уреди и софтвер за манипулирање со тахо е
законски забрането во некои европски земји и се казнува до една година затвор.
Сепак, понудувачите на услуги
остануваат активни поради привлечните добивки. Покрај тоа, мора да се има на ум
дека многу возила што се продадени во минатото, веќе се изманипулирани и со тоа
не е можно правилно да се процени вредноста на возилото, која претежно зависи
од километражата.
Колку автомобилите ce безбедни од
манипулација?Бројните тестови на сите страни
покажаа: Ниту едно од постоечките возила не е безбедно од манипулација.
Враќањето на километражата е толку просто и ефтино кај сите модели, што при
продажбата се стекнува значајна добивка. Трошоците за тоа почнуваат, зависно од
моделот, од 50 евра и во исклучителни случаи достигнуваат до 1700 евра.
Како се открива фризирана километража?
Манипулациите во одреден дел може да се
докажат со голем напор. Детаљите како изгребани покривни стакла, погрешно
наместени стрелки на брзиномерот, но и траги од лемење на плочата, отпечатоци
од клеми итн. може да бидат доказ за тоа. Еве уште неколку совети како да им
влезете во трага на манипулираните возила:
- Проверете дали се веродостојни сметките
од поправка, налепницата за промена на масло и другите документи. Ако таму
пишува дека следната промена на масло претстои на 180.000 километри, тогаш
возилото не смее да покажува ниту 100.000 километри на тахо – дури и ако има
долги интервали на сервисирање.
- Однесете го возилото на проверка во
овластена сервисна работилница – често пати може да се прочита вистинската
километража, доколку тахото е електронско. Во сервисот нека ја прочитаат и
меморијата на грешки и на интервали на сервисирање, при што ќе се покаже дали
има отстапувања со тврдењата на продавачот
- Кај користените возила не ја гледајте
само километражата, туку и состојбата и условите во кои претходниот сопственик
го користел возилото. Возило со малку километри, што се поминати на кратки
релации каде што трошењето е најизразено, може да е во полоша состојба отколку
возило со голема километража, која што е помината со умерено темпо на долги
релации.
- При сомнеж побарајте во сервис да ви го
прочитаат датумот на производство на тахото и на контролната електроника: Можно
е тие да се оштетиле при манипулацијата и потоа да се заменети. Тахо или
контролна електроника произведени во 2005 година (најчесто е втиснато во
куќиштето или е напишано на налепница) не оди со возило произведено во 2003
година, освен ако сопственикот може да докаже дека замената била извршена
поради дефект.
Кое е решението?
Манипулацијата со тахото треба да се
направи толку скапа и сложена за трошоците за тоа да не може да се надоместат
со повисоката цена што возилото ќе ја постигне при продажбата. Затоа
автомобилските производители и добавувачите треба да предвидат нови заштитни
механизми кои се докажале во другите бранши.
Преќутувањето на вистинската
километража (и постигнување поголема добивка при продажба на користено возило
или за задоволување на гаранцијата) треба да се третира како измама и таа
соодветно да се казни според законот.
|