Get Adobe Flash player
Како да заштедите
25.07.2007
moneyПатувањето на одмор може да биде побезбедно, порелаксирано и да претставува доживување ако испланирате се однапред. Воедно добриот план штеди пари.

Ослабете
Секако не вие, автомобилот. Односно не претерувајте со товар. Доколку претерате моторот ќе мора да работи понапорно, ќе троши повеќе и го зголемувате ризикот од прегревање или друга хаварија.

Испразнете го багажникот од сите дребулии што не ви се потребни додека сте на пат. Кутиите за на кров се корисни за превоз ма гломазни предмети, но го зголемуваат отпорот на воздух автоматски и потрошувачката. Затоа избегнувајте ги.

Исто така ако возите со отворени прозори или отворен сончев кров ќе ја нарушите аеродинамиката и повторно ќе трошите многу гориво.

Редовно одржување
Грижете се за автомобилот. Ќе трошите помалку гориво и ќе возите со мирна глава. Придружувајте со до напатствиата од производителот за одење на сервис.

За да бидете тотално сигурни однесето го автомобилот на сервис пред да тргнете на пат.

Не доволно напумпани гуми исто така ќе ја зголемат потрошувачката. Наполнете го резервоарот до врв пред тргнување и обидете се да не застанувате на бензински пумпи по пат доколку не е потребно. Така ќе бидете побрзи.

Избегнувајте делумно полнење на резервоарот - помалку гориво ќе изпари доколку полните до врв.

Планирајте го патувањето
Доколку немате потреба да патувате во најголем метеж не правете го тоа. Избегнете го времето кога метежот се создава и ќе минете помалку седејќи во автомобилот, а повеќе возејќи се.

Планирајте ја маршрутата така да ги ибегнете местата каде се создава метеж и обидете се да возите по патишта кои ќе ви овозможат постојано напшредување.

Доколку треба да возите долго, менувајте се со сопругата на секои два часа ако е можно. Бидејќи така оној што вози секогаш ќе биде максимално сконцетриран. 

 

 

 

Facebook