|
03.04.2007 |
При силен дожд аквапланингот ги онеспособува за управување дури и автомобилите што ги имаат монтирано најдобрите гуми.
Пушти гас и само право
Ако се вози пребрзо, предните гуми повеќе не можат да ја потиснуваат водата доволно брзо и поради тоа се создава воден клин меѓу гумите и патот. Контактот со подлогата се губи ненадејно и возилото не може ниту да управува ниту да сопира.
Автопатиштата и магистралните патишта се градат водата од дождот да истече што е можно побрзо, но и покрај тоа на неповолните места може да се создадат водени површини кои тогаш претставуваат општа мамка со аквапланинг. Но, нормите за изградба на патишта не се почитуваат секогаш и мора да се биде подготвен на мамките од аквапланингот:
- Свијоците во кои се собира вода бидејќи одведувањето на водата до патот не фунционира добро
- Подвозници во кои е затната атмосверската канализација
- Надолжни траги во кои се задржува водата
- Многу широки патишта со повеќе возни ленти, на пример клучки на автопат во кои треба подолго време додека водата истече по целата ширина
- Таканаречени свијоци во S чиј попречен нагиб се менува. На рамниот дел напреминот од едниот во другиот свијок се собира водата.
- Патишта покрај планински превои во кои дождот го бара најкусиот пат до долината.
Аквапланингот се најавува со нагло олеснување на управувачот, со зголемувањето на вртежите на моторот и се слуша како прска водата под автомобилот.
Ако одненадеж се најдете во аквапланинг мамка, во никој случај не смеете да сопирате, туку притиснете ја спојката и држете го управувачот во правецот на возење. Тркалата не смее ниту да блокираат, ниту да се завртени во погрешниот правец, се додека не се поврати контактот со патот. Кај автомобилите со автоматски менувач возачот треба да се концентрира на возењето и да не се обидува да вклучи во празен од. Се препорачува при дожд посебно да се внимава на патот за навреме да се откријат мамките на аквапланингот и да може брзината да се приспособи според условите.
|