Get Adobe Flash player
Подгответе го автомобилот за зима
06.11.2007
vozenje-zime.jpgЗимата полека носигурно го најавува своето доаѓање. Денот се скратува, температурите почнаа да паѓаат, наутро се јавува магла, дождови, а во планинските предели и снег.

Ова е вистинско време за да ги подготвиме нашите миленици на четири тркала за безболно да ја пребродат зимата. Секако со започнувањето на подготовките се појавуваат и безброј прашања кои пред сé, се многу важни и за правилната работа на автомобилот и за безбедноста во сообраќајот.

Точно е дека секој возач знае, понекогаш и од лично искуство, што треба да провери на својот автомобил, но убаво е кога ќе се потсетиме.

· Дали течноста за ладење во моторот (антифриз) е сменета на време?

· Има ли акумулаторот доволно капацитет за да го заврти моторот во ладните зимски утра кога маслото е згуснато? 

· Дали светлата се исправни?

· Во каква состојба се брисачите?

· Имаме ли соодветни гуми за зима?

· Дали гумените заптивки на вратите се премачкани со восок против смрзнување за да се избегне заглавување кога гумата ќе смрзне?

Секој од овие детали бара посебно внимание, проверка, а по потреба и замена, бидејќи понекогаш и заштедата на нешто ситно може да не чини многу кога ќе се најдеме на пат кон омилената скијачка дестинација па дури и во град.

Дел од овие подготовки можеме да ги направиме и само како што е замената на сијалички или брисачи и подмачкувањето на гумените заптивки на вратите.

И проверката на состојбата на гумите е нешто што можеме да го направиме сами. Тоа е лесно. Доколку имаме летни гуми, треба да ставиме зимски, но доколку и зимските гуми веќе сме ги користеле неколку сезони пожелно е да се провери длабочината на шарата. Ако е поплитка од 4 милиметри тогаш е време за менување.

Сепак, за проверка на состојбата на акумулаторот, течноста за ладење треба да се појде на сервис. Таму со мерни инструменти се утврдува дали акумулаторот ќе ја издржи зимата или е време за нов, а истото важи и за течноста за ладење. 

polnenje-na-akumulator.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Проверката на системите кај новите автомобили полни со електроника е многу поедноставна. Со помош на посебни тест уреди се проверува исправноста на уредите во автомобилот и што е уште поважно со нив можат да се предвидат потенцијални проблеми и навреме да се отстранат.

Покрај проверката на автомобилот зимските услови на пат налагаат носење и соодветна опрема. Затоа пожелно е во секое време да имаме одредени дребулии во багажник или в џеб кои ќе ни помогнат со леснотија да ги решиме тешките загатки што пред нас ги поставува зимата.

При многу ниски темпаратури можно е да имаме проблем со отклучување на вратите. Тогаш ни помага средство за одмрзнување на брави. Но, и тоа ќе биде беспомошно доколку е во автомобилот. Затоа треба да го носиме во џеб. Производителите внимаваат на пакувањата. Па така пластичните шишенца полни со спасоносното средство никогаш не се поголеми од шишенце за капки за нос.

Не треба секогаш безрезервно да му се верува ниту на акумулаторот. Кога живата ќе се спушти на десетина па и повеќе степени под нулата тогаш можат да не спасат само кабли за помош при палење.

На голем снег потребно е користење на ланци. Но, ако автомобилот бил паркиран, а околу него има брана од половина метар па и повеќе снег тогаш ниту ланците нема да помогнат. Потребна ви е мала лопата за да направите пат. Вишокот на снег врз автомобилот ќе го отстраните со четка или метличка. Тука внимавајте при изборот. Влакната на четката или на метличката не смеат да бидат тврди бидејќи ќе го игребат лакот.

oprema-za-vo-zima.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
При патување на подолг пат умно е во багажникот да се стави ќебе, батериска лампа, дополнителен пар ракавици, вода за пиење, брикети за палење на оган кои можат да се најдат при рака додека се чека на пробивање на некој патен правец, па дури и ако треба да се мине ноќта некаде во пустелија ако откажал автомобилот.

 

 

 

Facebook