|
26.06.2009 |
Новиот модел на Audi, A5
Sportback е фатен на поставување на камуфлажата од тимот за
тестирање. Единствено не е јасно дали фотографиите се од вработен во
компанијата, или пак, профи ловец на автомобили.
Но, во случајов потеклото на фотографиите воопшто не е
важно. Важно е дека автомобилот конечно е откриен пред очите на јавноста далеку
пред закажаната светска премиера и комерцијализација.
Иако Audi го ја прикажа првата фотографија тизер и првото видео тизер од A5 Sportback, сепак тоа не е беше доволно за да се задоволи љубопитноста на
автомобилските поклоници, но и на конкуренцијата.
Плус официјалните прикази беа далеку од давање на добра
претстава за конечниот излгед на автомобилот што не е случај со фотографиите во
галеријата кои точно го прикажуваат конечниот лик на A5 Sportback.
Фотографиите се направени од мобилен телефон, но даваат
јасен поглед на страничната линија и на дел од кровот и задникот на A5 Sportback. Предната маска е сеуште сокриена, но се очекува дека ќе наликува на А5 Coupe.
Како што веќе пишувавме A5 Sportback е
малку покус од А4, но има малку поголемо меѓуоскино растојание и поголем
багажник чив пристап е олеснет благодарение на петата врата.
За сега толку се надеваме дека наскоро ќе можеме да
добиеме повеќе информации и повеќе фотографии за новајлијата од Инголштад.
|