Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Alfa 149 ја очекуваме в година
27.05.2008
alfa-romeo-149-jtd-1.jpgВистината можеби боли, но факт е дека актуелната Alfa 147 е модел кој технички е застарен во однос на конкуренција и иако сеуште стои во понудата, сепак, веќе одамна е модел на заоѓање.

Alfa на време го смени својот модел 156 за современиот 159, кој сега е помоќен, побезбеден, покомфорен и технички напреден и успешно се носи со конкуренцијата. Ред е истото да се случи  со 147. Наследникот како што кажува цртежот би требало да ја носи ознаката 149.

Но, ова е неизвeсно бидејќи Alfa неодамна го претстави својот најмал модел Mi.To кој место бројка носи име, а се очекува од него сите нови модели на Alfa да ги заменат ознаките.

Без оглед на името во Alfa е јасно дека брзаат што побрзо на пазарот да го лансираат својот компакт, бидејќи со претставувањето на Mi.To и со постоечката 159 се отвора дупка во моделската понуда на миланезите која треба да се пополни и тоа што поскоро.

Според информациите што доаѓаат од Милано новиот модел треба да се појави некаде во 2009, но не е јасно дали ова се однесува на светска премиера, или пак, се работи за комерцијализација на моделот.

Во секој случај развојните инженери работат напорно, бидејќи прототип, поточно тестно муле во облик на актуелниот Fiat Bravo но со масивна камуфлажа врз себе тестира по патиштата низ Италија.

Всушност покрај компјутерски генерираниот цртеж и двете шпијунски фотографии и нема други докази дека воопшто се работи на наследникот на временската Alfa 147.

Се очекува под хаубата да работат моторите што веќе се вградуваат во Fiat Bravo и секако ќе бидат малку модификувани за да прилегаат на чувството кое во Alfа Romeo го нарекуваат Coure Sportivo. Врвот од понудата повторно би требало да биде загарантиран за моделот GTA со големиот V6 во носот со моќност од преку 260 коњски сили.

Поради фатените прототипи начелно се очекува новиот компакт на Alfa да се појави само во верзија со пет врати, но оваа информација ниту од далеку не е потврдена.

Цената нема да биде ниска. Alfa на нишан ги држи Audi A3 и BMW Серија 1 што значи дека дури и основниот модел нема да стартува под 20.000 европски банкноти.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook