Alfa
Romeo планира големо враќање на Северно американскиот пазар со
својот најголем модел, наследникот на 166, кој најверојатно ќе ја носи ознаката
169 и ќе се произведува на новиот континент.
Првичните информации велат дека производството на новиот
знаменосец на Alfa
ќе се одвива во погоните на канадската фабрика на Chrysler во Брамтон каде до сега се склопуваше моделот на Chrysler, 300C.
Интересено е што во наведената фабрика во Канада ќе се произведуваат
и верзиите на Alfa
169 наменети за европскиот пазар, но и за останатите пазари
ширум светот.
Alfa
Romeo 169 ќе биде поставена на сосема нова голема платформа која
ќе биде развиена од инженерите на Chrysler, но под контрола на европските инженери од групацијата на Fiat.
Платформата подоцна ќе ја понесе и наследникот на 300С, но и на неговиот брат
близнак Dodge
Charger.
Единствената информација што се знае за новата платформа
е дека таа ќе има погон на задни тркала. Од ова моќе да се изведе заклучок дека
Alfa конечно го напушта предниот погон за својот најголем седан и како што доликува
на класата го опремува со погон назад.
Се очекува големата Alfa по своите карактеристики да биде поблиску до верзијата на Dodge
кој го носи приматот на спортска марка во групацијата на Chrysler. Како и да е најавениот автомобил ќе биде првиот резултат од превземањето
на Fiat на Chrysler
Group.
Голема е веројатноста подоцна и спортските модели на Alfa, Spider и Brera да профитираат од новата платформа на Chrysler
и на Dodge. Во замена, групацијата Chrysler ќе превземе три мали платформи на групацијата Fiat.
Станува збор за платформите: А – врз која се поставени Fiat 500 и Panda, B – на
која лежи Grande
Punto и C
– на која ќе биде поставен наследникот на 147, односно
новата Alfa
Milano.
Платформата С подоцна ќе биде искористена и за
наследникот на Alfa
159 или новата Alfa
Romeo Giulia. Постои гласина дека верзиите на Milano и на Giulia наменети за Северно американскиот пазар ќе се произведуваат во САД.
За сега оваа информација останува на ниво на шпекулација.
Барем некаде до средина на месец ноември кога Fiat планира да ги обелодени своите конкретни
планови за иднината на групацијата Chrysler.
|