Get Adobe Flash player
Alfa Romeo 149
11.11.2008
alfa-romeo-149-1.jpgДодека тестирањето на прототиповите на 149 е во завршна фаза, дизајнот сеуште не е конечен. Постојат повеќе предлози, но во Alfa Romeо сеуште чекаат за конечна одлука.

Од Alfa потврдуваат дека новиот модел 149 ќе вози на комплетно нова платформа и ќе се нуди само во верзија со пет врати. Компјутерски генерираната фотографија упатува на евентуалниот конечен лик и доколку го задржи предложениот дизајн 149 дефинитивно ќе биде убав автомобил.

Alfa досегашната улога на 147 како модел со три и со пет врати ќе ја подели на два автомобили. Првиот е MiTo, а вториот 149. На овој начин Alfa ќе успее да ги задоволи купувачите кои се наоѓаат на двата краја од спектрумот.

Имено помалиот и подинамичниот MiTo е адресиран до помладата урбана публика, додека 149 им се обраќа на посериозни луѓе, повеќето од нив со семејство кои покрај спровирањето низ секојдневните градски турканици на крајот од работната седмица заминуваат некаде подалеку на викенд.

Имајќи ја на ум токму оваа публика во Alfa Romeo се одлучиле за развој на нова платформа за 149 која покрај стандардниот погон на предни тркала по желба на купувачот ќе може да носи и погон на четири тркала.

Што се однесува до моторите ќе се вградува актуелната гама која веќе работи во низа модели на групацијата на Fiat. Понудата ќе стартува од 1.4 литарскиот турбо бензинец во повеќе варијанти и со распон на моќност од 120 до 175 коњски сили.

Тука е и новиот турбо дизел од 1.6 литри кој ќе се нуди во верзии со 100 и 120 коњски сили. На располагање ќе биде и 2.0 литарски дизел со 150 КС, но и 1.9 литарски дизел битурбо со максимални 190 коњски сили.

Врвот од понудата ќе биде резервиран за 1.75 литарскиот турбо бензинец најавен уште кај MiTo GTA кој остварува моќни 230 коњски сили. Интересно е што во Alfa сеуште молчат за 3.2 литарскиот V6 со 265 коњски сили.

Светската премиера на 149 се очекува да биде некаде на есен 2009, поточно салонот во Франкфурт, по што веднаш ќе се стратува со продажба.

 

 

 

Facebook