|
08.02.2008 |
Или како и да ќе се нарекува наследникот на 147, се
почесто се појавува во јавност како се ближи датумот до официјалното
претставување. Токму ова е повод папараците да го фаќаат за време на
тест.
Продажбата е закажана за во 2009, а челниците во Alfa на нишат
ги имаат луксузните компакти како Audi A3 и BMW Сериjа 1, слично
на политиката во Lancia.
Тестните прототипови во мемонетов се маскирани под
ламарината на актуелниот Fiat Bravo, но дополнително камуфлираната маска и
предни светла говорат дека под познатата каросерија се крие нешто многу
поинтересно.
Спортското срце ќе биде исполнето со мотори во ранг од
120 до 265 коњски сили. Секако врвот е резервиранм за моделот GTА кој
покрај овие 265 коњи ќе има погон на четири тркала, мултилинк задна оска и ќе
им ги замрси конците и на Subaru Impreza STI и на Mitsubishi
Lancer Evo.
 
|