Знаменосецот во гамата на 159 моделот GTA е фатен на
видео во околината на Нирбургринг. Ловците на нови автомобили
во случајов место со фотоапарат се послужиле со камера и тоа мошне успешно.
Во Alfa планираат 159 GTAда стартува
со продажба некаде на почеток на 2009 и да застане рамо до рамо со веќе
етаблираните лидери во оваа малубројна класа како што се BMW
M3, Audi RS4 и Mercedes C63 AMG.
Но, за разлика од претходникот со V6 мотор и
погон на предни тркала, кој никогаш не се сметаше за достоен конкурент на
германското трио, 159 GTA сокрива еден голем адут во ракавот со што би требало да
ги изненади конкурентите и да им земе дел од пазарниот колач.
Изненадувањето е во форма на V8 дериват на
моторот на Ferrari кој веќе работи во Maserati
GranTurismo и Quattroporte има зафатнина од 4.2 литри и
остварува околу 400 коњски сили и што е најважно снагата се пренесува на
подлогата преку сите четири тркала и преку познатиот систем на Alfa,
Q4.
На видеото можат да се забележат детали како четирите
издувни цевки, прекриените отвори за ладење на хаубата и предните
крила. Исто така може да се забележи дека автомобилот е значително приближен од
подлогата.
Со оглед дека 159 GTA е фатена
во близина на Нирбургринг наскоро треба да се очекува и да се појави на патека
кога ќе биде многу полесен плен за ловците на нови модели.