Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Alfa Romeo Milano во живо
06.07.2009
alfa-romeo-milano-l-2010-1.jpgОва се првите шпијунски фотографии од новата убавица на Alfa Romeo, моделот Milano, наследник на временската 147, очигледно направени во фабриката на Alfa, на кои автомобилот е прикажан во целост.

Јасно е дека веќе поголема серија на автомобили е произведена, но испраќачот на информацијата наведува дека станува збор за верзии на Milano од пред продукциска серија, наменети за тестирање.

Забелешките кои ќе дојдат на адреса на моделите од оваа пред продукциска серија подоцна се очекува да бидат исправени кога ќе стартува сериското производство на Milanо.

Иако фотографиите се со лош квалитет сепак, јасно ги прикажуваат најважните детали на спортското срце на Alfa меѓу компактите.

Се потврдува најавеното дека Alfa Romeo Milano е поставен на новате плтаформа на Fiat која ќе носи широка лепеза од агрегати од фамилијата на Mulitijet и T-Jet, а покрај погонот на предни тркала ќе се нуди и со погон на четири тркала.

Премиерата ќе биде во Франкфурт, а комерцијализацијата на Milano стартува на почетокото на 2010. Подоцна ќе се појави и жешката верзија GTA со атмосферски V6 бензинец.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook