Get Adobe Flash player
Astra Sport Coupe е се поблизу до серија
03.09.2009
opel-astra-sport-coupe-2010-1.jpgОткако Opel ја претстави верзијата со пет врати на новата Astra во компанијата се свртеа кон останатите верзии што треба да произлезат од неа како комбито, кабриолетот, но најпрво купето.

Иако до сега се појавија компјутерски генерирани фотографии на останатите верзии се чини дека моделот со три врати кого во Opel веќе го нарекуваат Sport Coupe ќе биде првата модификација на тема Astra што ќе пристигне до купувачите.

Следејќи го примерот на претходникот, новото купе со три врати ќе се разликува од хечбекот, но сега разликата ќе биде уште поголема и дизајнот на Sport Coupe ќе биде далеку поагресивен со нагласување на спортската нота.

Тоа го истакнува дури и главниот дизајнер на Astra, Малком Вард кој неодамна најави дека Sport Coupe ќе има значително поавангарден дизајн и ќе биде понизок од досегашниот модел за што веќе пишувавме.

Претставената компјутерски генерирана фотографија сега е многу поблизу до сериската верзија на Astra Sport Coupe која ќе се појави на пазарот во 2011.

 

 

 

 

Facebook