Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi A4 како дериват на Allroad
07.12.2007
audi-a4-allroad.jpgОва е првиот доказ дека Audi Allroad кој е поставен на основата на А6 добива помало братче. Помалата верзија на Allroad ќе биде поставена на платформата на новиот А4.

Папараците повторно успеаја. А4 Allroad е фатен за време на тестирање во близина на базата на Audi во Германија. Од фотографиите се гледа дека автомобилот е дополнително подигнат од замја и носи заштитни пластики над арките на тркалата и на праговите од страна. Исто така во оптек е и постојаниот погон на четири тркала.

А4 Allroad треба да ја пополни дупката која се создава помеѓу гамата на А4 и новиот SUV на Audi, Q5 кого можевме да го видиме како концептна форма во облик на Cross Cabriolet Quattro.

Иако прототипот фатен на тест е лимузина, вистинскиот А4 Allroad ќе биде достапен и во комби верзија, а за погон би требало да се погрижи новата гама на чисти дизели. Очекувањата се дека автомобилот ќе биде претставен кон крајот на 2008 кога ќе стартува и продажбата.

За цената се претпоставува дека ќе стартува од околу 35.000 евра.

audi-a4-allroad-1.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook