Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi A7 близу до конечниот изглед
19.12.2008
audi-a7-2009-1.jpgДо сега сокриванo под масивна камуфлажа новото купе на Audi со четири врати конечно ја прикажува својата витка линија во обид да го застраши главниот конкурент Mercedes CLS.

Иако станува збор за компјутерски генерирана фотографија, сепак, изворот на информациите тврди дека претставениот А7 е многу блиску до изгледот на сериската верзија која ќе се појави следната горина.

Јасно е дека дизајнерските смерници се превземени од актуелното купе на Audi, A5, но просторот во кабината е добиен со значително развлекување на задниот дел за кого дизајнерите се погрижиле да не делува како насаден туку флуидно да ја следи формата на предниот дел.

На тој начин е добиено мускулесто тело кое благодарение на поголемата широчина и помалата висина делува значително поагресивно отколку каросеријата на конкурентскиот CLS.

Дизајнерските смерници не се единcтвена работа која Audi A7 ќе ја земе на заем од А5. Тука пред се се мисли на возните карактеристики, бидејќи според информациите А7 би требало да понуди задоволство во возењето како едно купе.

Платформата врз која ќе биде поставен А7 е истата која се развива и за наследникот на А8, но за ова веќе пишувавме.

Се очекува Audi A7 да биде претставен на салонот во Женева и да се појави на пазарот во втората половина на 2009. Цената треба да стартува од околу 50.000 евра.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook