Со еден ваков силен наплив на спортски модели кои
постојано се појавуваат од зад затоврените врати во Инголошатд, очигледно е
дека Audi сака да се етаблира како најспортска марка.
Откако само пред неколку дена се појави информацијата за
создавање на RS3, на кого му претходеа спортските верзии на купето и
родстерот TT-RS, Audi го најавува својот спортски родстер R2 со
централно поставен мотор.
Audi R2, претставен низ компјутерски генерирана фотографија, најверојатно ќе биде поставен на основата на во Детроит
претставениот концепт на Volkswagen BlueSport, а од кого ќе
произлезат и родстерите на Skoda и на Seat.
Целта на Audi со R2 е да го завземе сегментот под, исто така најавеното купе
со централно поставен мотор R4.
Секако за да се создаде малечок супер спортски родстер
инженерите на Audi ќе направат значителни измени на подвозјаето и
механиката. Се претпоставува дека погонот кај R2 ќе биде на
сите четири тркала кого ќе го изработи Haldex.
Во центарот на шасијата на R2 ќе работи
новиот 2.5 литарски пет цилиндерски турбо бензинец чија снага ќе биде подигната
на 380 КС кои заедно со лесната шасија ќе овозможат перформанси блиски до оние
на суперспортистот R8.
Понатаму се очекува опуштање на атмосферата и вградување
на четири цлиндерските турбо бензинци на VW со распон
на моќност од 200 до 270 коњски сили.
Се очекува Audi R2 на пазарот да
пристигне за околу три години, а претпоставената цена за врвниот модел би била
околу 40.000 европски банкноти.
Со претставување на послабите верзии цената ќе паѓа и
ценовниот старт на R2 со најслабиот мотор би бил од околу 32.000 евра.
|