Audi влегува во нова фаза на проширување на својата понуда од
модели. Во иднина љубителите на марката ќе можат да се радуваат на цела низа од
R модели.
По успехот и прифатеноста што ја доживеа суперспортистот R8,
Audi планира да претстави уште еден супер спортски автомобил со мотор поставен
централно во шасијата, но во класа подолу.
Новиот спортист ќе ја понесе ознаката R4 и ќе биде
поставен на комплетно нова платформа која ќе биде позиционирана над TT. Од
Инголштад најавуваат дека новата платфрома се развива во соработка со Porsche
и на неа ќе бидат поставени и Boxter и Сayman од новата генерација.
R4 е предвиден да се произведува во две верзии како купе и
кабрио. Ќе нуди место за двајца патници зад чив грб ќе работат 2.0 литарскиот TFSI турбо
бензинец и новиот 2.5 литарски турбо бензинец кој е најавен и за во TT RS.
Audi R4 ќе превземе многу елементи од дизајнот на поголемиот R8.
Светлечките диоди на предните светла, големите и отвори за воздух од страна и
линијата на профилот.
Покрај R4 во иднина треба да се појави и уште еден модел со
централно поставен мотор со ознака R6. Со што Audi ќе ја
пополни гамата почнувајќи од R4 до R8. Секако нема да изостане ниту R10.
Аudi R10 е веќе познат. Всушност станува збор за актуелниот R8, но
задвижуван од големиот и биковски снажен V12 TDI кој има моќност
од 500 коњски сили и оди преку 300 km/h.
Следејќи го примерот на прототиповите кои се
натпреваруваат во Серијата Леман, Audi се одлучи
дизелскиот R8 да го крсти R10.
Сеуште не се знае кога R4 ќе биде
претставен пред јавноста и кога е стартува со продажба. Единствено се знае дека
основната верзија со 2.0 литарскиот TFSI треба да почнува
од околу 40.000 евра.
|