Доаѓа лето, горештините напаѓаат и сите го користат секој
момент за да се разладат. Во вква ситуација има ли нешто подобро од возење со
ветар во коси. Да има ако сте зад волан на Audi R8 Spyder.
Токму навреме за спас од горештините се појавува
отворената верзија на R8
фатена за време на тестирање на славната патека
Нирбургринг репер за поддесување сетапот на суспензијата на секој.
Производителите се децидни кој ќе мине добро тука минува секаде.
Како што се претпоставуваше отворениот Audi R8 ќе носи мек платнен кров угледувајќи се на Lamborghini Gallardo Spyder. Причината во одлуката за поставување на мек кров на R8 Spyder покрај задржувањето на традицијата во Audi е и помалата тежина.
Во случајов метален склоплив кров покрај зголемувањето на
масата на автомобилот би го пореметил и тежиштето. Неговиот масивен механизам
ќе го помести тежиштето на автомобилот повисоко со што би се нарушиле возните
карактериcтики и динамиката. А тоа кај спортистите е недозволиво.
Дека автомобилот е сеуште во фаза на тестирање се
забележува по вградениот заштитен кафез, а на фотографиите може да се забележи
поместувањето на страничните отвори за воздух кои се разликуваат од затворената
верзија.
Сеуште не се знае причината за измената во дизајнот.
Можеби тоа е направено заради потреби на конструкцијата, а можеби е само
дизајнерски трик за да се направи автомобилот поразличен од купето.
Очигледно причината ќе биде обелоденета на светската
премиера. Кога сме кај претставувањето се очекува дека Audi R8 Spyder ќе биде претставен на салонот во Франкфурт, но нема ниту збор за
комерцијализацијата.
Кога ќе стартува продажбата во средина на шасијата на R8 Spyder ќе
работи 4.2 литарскиот V8, додека подоцна ќе пристигне и верзијата со V10.
|