Отворената верзија на супер спортскиот автомбил на Audi,
R8 Spyder е забележана за време на тестирање некаде во Германија. Интересно е што
автомобилот вози безмалку без камуфлажа.
Очигледно е дека Audi не се
откажува од класичниот платнен кров кога станува збор за кабриолетите што
излегуваат од неговите погони. И покрај платнениот кров дизајнерите се
потрудиле да го задржат основниот дизајн. Силуетата на автомобилот ја следи
линијата на купето.
Освен платнениот кров останатите измени се однесуваат на
дополнителни всисници за воздух во капакот од моторот како и два одвоени
ролбара кои ќе штрчат над седиштата кога покривот ќе биде отворен.
Бидејќи се отстранети задните носачи на кровот ќе биде
преместен и отворот за долевање на гориво кој сега се наоѓа на задното крило. Ова
се дел од видливите детали. Секако измените на шасијата предвидуваат засилувања
заради зголемување на торзиската крутост пресудна за безбедноста и за возните
карактеристики.
Поставен централно ќе работи познатиот 4.2 литарски V8 од купето
кој остварува 420 коњски сили. Но, има гласини дека во Audi планираатда
го понудат и 5.2 литарскиот V10 кој веќе работи во S6 и S8, но и
монструсозниот 5.0 литарски V10 битурбо за верзијата RS. Моторот
веќе работи во RS6 и RS6 Avant и остварува 580 коњски сили.
Секако за да се издржи олкава моќност шасијата,
суспензијата, сопирачките и управувањето ќе претрпат соодветни измени.
Информациите што доаѓаат од ловците на автомобили кои
успеале да го фатат R8 Spyder уверуваат дека токму уловениот автомобил е верзијата RS.
За тоа говорат издувните цевки и задниот дифузор
идентични со V10 изведбата на Audi R8, како и новиот
дизајн на маската. Тие дури тврдат дека звукот на автомобилот доаѓа од V10 мотор, а не
од V8.
|