Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi RS6 седан
01.07.2008
audi-rs6-1.jpgНајавата за моќниот RS6 на Audi со биковски снажниот V10 битурбо под хауба со 580 коњски сили дојде преку неговата Avant верзија, а седанот е фатен на тестирање дури сега.

Интересно е тоа што до сега информациите кружеа само за Avant верзијата, додека седанот не го спомнуваше никој. Иако во сенка неговиот развој течеше паралелно со развојот на комби верзијата.

Од она што може да се забележи на фотографиите е дека предниот дел на автомобилот има ист изглед како и Avant. Промените се случуваат одзади, поточно задните светла кои се разликуваат од формата на првата седан верзија фатена од ловците на автомобили.

Покрај моќните 580 коњски сили моторот што работи во RS6 испорачува и масивен вртежен момент од мрсни 650 Nm, дело на двата спрегнати турбо полначи.

Снагата постојано се пренесува на сите четири тркала преку познатиот погон Quattro кој му овозможува на автомoбилот сигурно држење на пат и рамномерно пренсување на огромната снага врз асфалтот. За грдосијава да може да сопре се грижат карбoн-керамички диск сопирачки.

Што се однесува до ентериерот на автомобилот не се очкуваат измени во однос на комбито. Значи детали од карбон и четкан алуминиум, кожа, волан со три пречки со логото на RS на средина итн.

Седанот RS6 се очекува да пристигне на пазарот подоцна во текот на годината, а цената ќе стартува од околу 105.000 евра.

Подетални информации околу RS6 и неговата Avant верзија ќе прочитате и видите на следниве линкови:

линк 1 линк 2 линк 3 линк 4;

audi-rs6-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook