Get Adobe Flash player
Audi RS6 со надуван V10
19.06.2007
audirs6Многу гласини се провлекуваат за Audi RS6 во последно време. Тоа е разбирливо со оглед на очекувањата колку всушност навиен ќе биде овој супер Audi.

Најважната работа за овој über – Audi е што ќе биде задвижуван од надуван V10 кој одамна работи во Gallardo. Верзијата со турбополнач во RS6 се движи некаде на север од 500 коњски сили и најверојатно ќе стигне до 600.

Е сега поради надуваната хауба се потегнува прашањето што ако моќниот дувач седи некаде врз усисот место кај издувот. Тогаш можно е овој супер седан да биде задвишуван од V10 со механички компресор место турбо.

Новата линија на фотографии го прикажува не маскираниот прототип со замачкани бои, но со јасен поглед на маската и страничните завеси.

Линиите со LED карактеристични за S6 се отстранети и заменети со поголеми отвори за воздух. Од зади штрчи нов дифузор со подлабоки профили кој се гордее со дебелите издувни цевки сместени во краевите.

RS6 нуди прилично агресивен лик, но не толку радикален како што би требало да се очекува од автомобил со толку многу коњи под хауба.

Сепак, сеуште станува збор за прототип. Финалната верзија ќе ја видиме есенва на салонот во Франкфурт.

audirs6rear

 

 

 

Facebook