Get Adobe Flash player
Audi S3 бегај настрана доаѓа RS3
17.03.2009
audi-rs3-2010-1.jpgЧленот на бордот на директори во Audi, Михаел Дик, изјави дека најверојатно во Инголшатд ќе се донесе одлука за претставување на RS3 нова високо перформансна верзија на A3.

Иако Михаел Дик говори дека за одлуката сеуште се размислува најверојатно автомобилот е веќе во завршна фаза на тестирање и дека неговото пласирање на пазарот е извесно.

Под хаубата ќе работи турбо бензинецот од TT-RS кој светската премиера ја доживеа во Женева. Значи Audi RS3 ќе го задвижува 2.5 литарскиот петцилиндарец кој остварува 340 КС и максимален вртежен момент од 450 Nm.

Се очекува перформансите да бидат слични како кај TT-RS значи спринт до 100 km/h за околу 4,6 секунди и максимална брзина од близу 280 km/h. Перформанси кои се далеку подобри отколку кај сегашниот Audi S3 и S3 Sportback.

Возната динамика на RS3 исто така би била на исто рамниште, додека дизајнерите ќе се потрудат формата да ја следи функцијата. Ако се суди според компјутерски генерираната фотографија RS3 ќе изгледа подеднакво луто како што ќе вози.

Иако се знае дека наследникот на актуелниот А3 на Audi ќе пристигне на пазарот на есен 2010 , како што рековме RS3 сеуште ја чека конечната одлука.

Со оглед на големиот број на фанови на спортските верзии на моделите на Audi, познавачите на приликите во компанијата очекуваат RS3 да пристигне на пазарот најдоцна во првата половина на 2010.


 

 

 

Facebook