Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi TT Clubsport
16.05.2008
audi-tt-clubsport-1.jpgНа фотографиите е еден бесно моќен и разголен Audi TT кого во Ингоштад го нарекуваат Clubsport, а за првпат беше претставен на тјунинг шоуто на езерото Вертер во Австрија.

Се забележува дека дизајнерите превзеле некои елементи од екстремниот концепт и ги вградиле во овој TT кој сигурнo нема да пројде незабележан.

Тука е новиот преден браник со поголеми отвори од серискиот TT и интегриран спојлер, надуваните арки над тркалата поврзани со подеднакво надуваните и спуштени странични завеси. Но, дизајнерите требале да бидат малку поекстреми, да отидат чекор подалеку и во целост да ја пресликаат предната маска.

Во секој случај кога ќе се здогледа родстерот нема да има двојба за кој модел всушност станува збор бидејќи Clubsport доаѓа со одсечено предно стакло со кое Audi, како што најави, сака да го постигне ефектот што Porsche го нудеше во педесетите со својот Speedster.

Страничните стакла се спуштаа косо на назад, возачот и совозачот седат во спортски кади, а во случај на превртување ги штитат два лака од челични цевки.

Под хаубата сигурно останува 2.0 литарскиот турбо бензинец со директно вбрзигување кој работи во Audi S3 и кој за во Clubsport е модификуван за да испорачува 300 коњски сили до сите четири тркала преку DSG менувач.

И за крај, исто како и лани, во Audi нема ниту збор кога родстерот ќе се појави на пазар. Оптимистите очекуваат дека тоа би можело да се случи на време за купувачите да можат да уживаат во убавото време следната пролет.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook