|
11.09.2008 |
Баварскиот производител повторно е на пат да го вознемири
светот на автомобилите со нов контроверзен модел наречен Х2 кој очигледно носи
дизајнерски печат „ала Крис Бенгл”.
Информацијата сеуште не ја потврдуваат во BMW, но и без тоа потврда за развојот на еден ваков модел од страна на производителот од Минхен е
веќе актуелниот теренец со четири врати со облик на купе Х6 .
Воедно јасно е дека во BMW се
подготвуваат соодветно да одговорат на најавените SUV купеа како
што се Land Rover LRX и Audi Q3.
Информациите велат дека Х2 ќе биде поставен на
платформата врз која ќе биде поставен Х1 и Mini Crossman - за кого веќе објавивме шпијунски фотоси . Нивните концепти се најавени за салонот во Париз и за нив ќе пишуваме подоцна.
Кога проектот Х2 ќе пристигне на пазарот ќе орбитира во
сегментот на луксузните малечки теренци со погон на четири тркала. Од BMW се
надеваат дека нивниот проект е во понапредна фаза од проектите на Land
Rover и Audi и дека ќе успеат да ги престигнат во трката за нови
купувачи.
Очекувањата се дека ќе продаваат по 100.000 примероци од
Х2.
Автомобилот на фотографијата е компјутерски генериран и е
нацртан според најновите сознанија добиени од ловците на автомобили, но и од
внатрешен извор во BMW кој останува анонимен.
Голема е веројатноста фотографијата да е „патка” пуштена
намерно од BMW со цел да се опипа пулсот на јавноста, да се слушнат
коментарите и да се добие претстава дали дизајнот тече во правилна насока.
|