Спортскиот оддел на BMW,
дивизијата M, ги најави плановите за во иднина, иднина во која
високотуражните бензинци се заменуваат со бензинци со трубо натполнење.
Според извршниот директор на BMW, Норберт
Рајтхофер, спортскиот оддел М ќе биде зафатен од новиот бран кој ја подигнува
свесноста за заштита на животната средина.
Ова значи дека во иднина автомобилите на BMW со ознака
М ќе носат мотори со помала зафатнина опремени со трубо полначи кои пак ќе овозможат
високи перформанси со пониска потрошувачка и емисија на издувни гасови.
Постоечките 4.0 литарски V8 од М3 и 5.0 литарскиот V10 од М5 ќе бидат заменети со нови
мотори, а промените се очекуваат веќе следната година.
Прв во рангот на М модели што ќе добие нов мотор е
теренецот Х5. Токму така BMW подготвува М верзијата на Х5 во која место 5.0 литарскиот
V10 ќе работи 4.4 литарски V8 бензинец
потпомогнат од два турбо полначи.
BMW X5 M кој ќе послужи како опитно глувче за М5 веќе тестира на затворен полигон близу Минхен и неговата светска премиера се очекува на салонот во
Женева. Заедно со него тестира и M верзија на Х6, но
сеуште не се знае дали ќе се појави на пазарот заедно со Х5 М.
Битурбото од 4.4 литри ќе остварува однаква моќност како
и атмосферскиот 5.0. Односно возачот на располагање ќе има 507 коњски сили, но
и значително поголем вртежен момент од преку 700 Nm остварливи
на многу пониски вртежи отколу 520 Nm во М5 кои
доаѓаат на 6.100 врт/мин.
Поради големиот вртежен момент забрзувањето, поточно
катапулитрањето на М верзијата на Х5 до 100 km/h се очекува да биде
далеку под 5 секунди, додека максималната брзина традиционално ќе биде
ограничена на 250 km/h.
Сепак, намерата на инженерите во BMW не е
постигнување на значително подобри перформанси во однос на атмосферскиот мотор,
бидејќи тој има сосема доволно џус да го претвори големиот теренец Х5 во ракета
на четири тркала.
Целта е да се намали потрошувачката и емисијата на
издувни гасови што реално и се постигнува со новиот мотор вели информацијата
добиена од извор од BMW.
Како дополнување на подигнувањето на еколошките
перформанси на моторот ќе послужи и системот старт/стоп како и системот на BMW, EfficientDynamics.
Со новиот мотор М верзијата на Х5 ќе може равноправно да
им се спротивстави на веќе втемелените играчи на пазарот во овој сегмент Porsche
Cayenne Turbo и Mercedes ML63 AMG.
|