|
16.12.2011 |
|
На отворен склад на BMW, во објективот на ловците на автомобили влетала отровната верзија на кабриолетот од серијата 6, подготвена во M одделот на BMW и е означена како М6 Convertible.

Спортскиот кабриолет во план е да се појави на пазарот во текот на следната година заради што развојните инженери на M GmbH сеуште го тестираат, а конкретниот примерок е уловен на склад во САД.
Интересно лутата машина М6 Convertible стои меѓу останатите модели на BMW потполно без камуфлажа бидејќи инженерите верувале дека меѓу купот автомобили камуфлажата повеќе издава отколку што сокрива.
Сепак, на фотографите за око им запнале леснометалните бандажи прикажани на новиот М5 и огромните бушени дискови кои ги зафаќаат сопирачки клешти обоени во сино. Згора и бојата одговара на M5.
Тука е и неизбежниот редизајниран заден браник со интегриран дифузор во централниот дел заедно со четирите издувни цевки од не`рѓосувачки челик кои заканувачки штрчат од него.
Што се однесува до техниката таа ќе биде идентична како во М5 заради што се очекуваат и слични перформанси.
|