|
07.05.2008 |
Расплинувањето на програмата на производителите на
луксузни автомобили како Audi, BMW и Mercedes во обид да
се зафати што поголем дел од пазарниот колач не е ништо ново.
Затоа не изненадува ниту најавата за купе караван што доаѓа од централата во
Минхен. Прв потегот го повлече Audi со својот A3
Sportbаck, а влез во одбраното друштво најави и Mercedes со CLK купе
караван.
Овој караван со две странични врати или Shooting
Brake, од BMW ќе биде поставен на основата на следната генерација на
Серија 3. Она што може да се види на фотографиите, поточно сликите, е цртеж кој
најблиску го одсликува новото чедо на BMW.
Дизајнерите го задржуваат нискиот профил на автомобилот
со две големи странични врати како кај купе и кус заден дел со трета врата која
се спушта безмалку вертикално кон задниот браник.
Високата линија на појасот и широките карактеристични
бубрези за BMW ќе бидат дел од целата гама на новата генерација на
Серија 3. Овој Shooting Brake за разлика од класичното купе ќе има
идентичен пред дел како и седанот.
Се очекува да се појави на пазарот една
година по претставувањето на седанот, а тоа ќе се случи во 2011.
|