Откриена е долго чуваната тајна на BMW. Станува
збор за наследникот на Серија 6 кој веќе тестира на улица и се подготвува
наскоро да биде претставена пред светската јавност.
Ловците на автомобили успеале да го фатат кабриолетот од
Серија 6 како вози во редовен сообраќај некаде во околината на Минхен.
Интересно е што инженерите во BMW на тестирање прво го изнесуваат кабриолетот, додека
купето сеуште чека во развојното одделение.
Во BMW одлучиле автомобилот да го сокријат со т.н. збунувачка
камуфлажа за која веруваат многу подобро ги сокрива деталите и не
привлекува толку големо внимание.
Може да се забележи дека и кај новата Серија 6, BMW не
отстапува од традиционланиот платнен кров и покрај фактот што главниот
конкурент Mercedes SL веќе одамна вози со цврст склоплив кров.
Одговорните во BMW наговестуваат дека
новата Серија 6 ќе биде сосем нов автомобил и нема да претставува
фејслифт на актуелниот модел кој со благи измени на пазарот се одржува веќе 7 гoдини.
Сепак, единствената драстична измена во дизајнот може да
се забележи само во задниот дел од автомобилот кој сега личи многу
поконвенционално за разлика од актуелниот модел.
Акцентот е ставен на подобрување на техниката, но и на
подобрување на квалитетот на вградените материјали, пред се ова се однесува на
внатрешноста.
Под хаубата на новата Серија 6 ќе работи нова генерација
на мотори што ја претстави BMW во изминативе две години, но сеуште не се знае прецизно
целата палета агрегати и менувачи.
Изворот на информациите вели дека кабриолетот на BMW Серија 6
ќе се појави на пазарот кон крајот на 2010 или почетокот на 2011. Невообичаено купето се очекува подоцна, односно во втората половина на 2011.
|