Get Adobe Flash player
BMW со нов спортист
30.01.2009
nov-bmw-z10-ed-1.jpgКомпјутерски генерирана фотографија, заедно со неколку првични и сиромашни информации за новиот супер спортски автомобил на BMW се појавија на интернет.

Изворот на информацијата наведува дека автомобилот претставен на фотографијата нема многу да отскокнува од автомобилот што ќе се симнува од производната лента.

Името би требало да гласи BMW Z10 ED, каде кратенката ED се однесува на системот на BMW, Efficient Dynamics. Z10 ED ќе претставува врв во понудата на BMW меѓу спортските модели.

За остварување на вртоглави перформанси ќе биде задолжен нов битрубо бензинец со шест цилиндри во линија и директно вбризгување кој ќе остварува максимална моќност од преку 400 коњски сили.

Снагата ќе се пренесува на задните тркала преку исто така новиот седум степен менувач со две спојки. Воедно менувачот и спојките во себе ќе го инкорпорираат системот старт/стоп со интегриран стартер/генератор кој ја регенерира кинетичката енергија добиена кога автомобилот забавува или сопира и ја претвора во електрична потребна за полнење на литиум-јонските акумулаторски батерии.

Ова значи дека Z10 ED ќе може да се смести ви класата на хибридни автомобили, но сепак не станува забор за класичен, туку за благ хибрид, според теркот на Mercedes S400 BlueHYBRID.

Сеуште нема прецизна информација кога Z10 ED ќе стартува со производство, но се очекува концептот да биде изложен на некој од големите салони во текот на годината.

Се пртпоставува дека за премиера на концептната верзија на Z10 ED ќе биде избран салонот во Франкфурт кој ќе се одржи на есен.

 

 

 

Facebook