Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW со нова Серија 5 и М5
30.06.2009
bmw-serija-5-1.jpgПроизводителот од Минхен забрзано се подготвува да ја претстави новата генерација на Серија 5 којa ќе носи уште понапредна технологија од актуелниот модел, а ќе ја краси пеколно моќен М5.

Според најавите од компaнијата новата генерација на Серија 5 треба да ја доживее светската премиера на претстојниот салон во Франкфурт, по што би требало да следи и комерцијализацијата на моделот.

Под хаубата ќе работата нова генерација на мотори кои се потпираат на актуелните агрегати, но со подобрени перформанси, пониска потрошувачка и пониска емисија на издувни гасови.

Врвот од понудата на Серија 5 традиционално е загарантиран за болидот-лимузина М5. Како што најавуваат од BMW тој ќе има помал, но помоќен мотор од актуелната верзија, а се претпоставува дека во себе ќе го носи ситемот KERS развиен за F1.

Новиот М5 се откажува од актуелниот V10 и своите надежи ги полага во V8 со трубо натполнење кое ќе му овозможи снагата да ја подигне на 600 КС. Во дадени моменти би требало системот KERS да му овозможи да турка уште повеќе со зачуваниот вишок на вртежен момент.

Иако BMW секогаш ја вградува најдобрата и најскапата технологија во своите друмски тркачи од серијата М, сепак, склучително скапиот и комплексен систем каков што е KERS и неговото сериско производство во М5 можеби ќе бидат оставени за понатаму.

Факт е дека дури и F1 тимот на BMW има проблеми со имплементирање на KERS во нивните болиди. Поради тоа се претпоставува дека адапцијата на овој систем во сериско производство исто така нема да тече лесно и дека ќе потрае.

Од друга страна пак веруваме дека со 600 КС добиени со помош на турбо натполнење дополнително е подигнат и вртежниот момент на моторот за чија вредност сеуште се молчи, но се очекува да биде масивна.

Актуелнио 5.0 литарски V10 со 507 КС оди во пензија. Од него се откажуваат и М верзиите на X5 и на Х6. Новите Х5М и Х6М под хауба ќе го пакуваат истиот V8 битурбо, но, за разлика од М5, снагата на моторот за кај нив ќе биде намалена на 564 КС.

Претставувањето на жешките верзии на Х5 и Х6 се претпоставува дека ќе биде во Франкфурт исто како и на Серија 5 и на GT. За сега BMW се откажува од жешка верзија на Серија 7. Затоа тука е Alpina B7.

И додека Серија 5 влегува во серија веднаш по Франкфурт, комерцијализацијата на М5 најверојатно ќе стартува во првиот квартал во 2010.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook