Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW во 2010 со Progressive Activity Sedan
20.11.2007
bmw-pas-next-gen.jpgРазвојот на новиот Progressive Activity Sedan или PAS како што велат во BMW е насочен кон ефикасен начин на склопување на автомобилот и интелигентна функционалност на истиот.

Како и сите концепти на BMW така и PAS на крајот ќе заврши на производните ленти.

Цртежите прикажуваат дека новиот модел ќе носи дизајнерска сличност со неодамна претставениот Х6, а се очекува да биде на располагање со погон назад или на сите четири тркала. Аналогно на Х6 и PAS ќе биде само четирисед со индивидуални школкасти седишта со греење и функција за масажа.

Карактеристиките на купе BMW ги истакнува и на овој модел со мнагу куси превиси, надувани браници и опционални леснометални бандажи од 21 инчи. Межуосовинското растојание е растегнато на должина малку над 3 метри, а вкупната должина на автомобилот е околу 4,85 метри.

Автомобилот ќе биде на располагање со четири различни мотори опремени со технологијата за ефикасна динамика, а постои и можност за хибриден погон.

Стартот на понудата е 3.0 литарскиот турбо дизел со 245 КС, по кого следат два 3.0 литарски битурбо еден дизел и еден бензинец. Врвот е новиот 4.0 литарски дизел V8 со 408 коњски сили и максимален вртежен момент од 600 Nm.

Доколку овој модел се покаже успешен, во BMW потврдија дека ќе следи и една помала верзија. Новата гама ќе се распознава по буквата V исто како што Z е резервирано за спортските модели, а Х за гамата SUV.

bmw-pas-next-gen-1.jpgbmw-pas-next-gen-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook