Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW X1 вози на улица
12.05.2009
bmw-x1-serija-1.jpgПроизводителот од Минхен на големо се подготвува за претставување на сериската верзија на својот нов малечок SUV кој како концепт беше претставен на салонот во Париз минатата есен.

Според фотографијата направена од случаен минувач кому очигледно автомобилите му се во крв и чие око веднаш го препознало возилото со бурбрези на носот може да се забележи дека серискиот BMW X1 ќе биде идентичен со концептот од Париз.

Автомобилот кој ќе ја користи истата механика како и новиот Mini Crossman е фатен на улица за време снимање на фотографии за каталогот кој ќе го прати појавувањето на Х1 во продажните салони.

Сеуште неможе точно да се каже кога Х1 ќе пристигне до купувачите. Претпоставките се дека тоа најверојатно ќе се случи на есен кога сериската верзија ќе биде претставена на салонот во Франкфурт.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook