Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW X3 забележан на тестирање
13.05.2008
bmw-x3-1.jpgАвтомобилот што се сокрива под каросеријата на комби верзијата на BMW Серија 3 всушност е наследникот на X3 кој стартува со продажба кон крајот на 2010.

Тестното муле е забележано, веќе погодувате на Нирбургринг каде инженерите наголемо работат на подвозјето. Најавите се дека новата генерација на Х3 ќе биде највозачки ориентиран SUV било кога произведен.

Возачкото задоволство ќе го гарантираат активното управување, активнен систем кој го компензира прекумерното навалување на автомобилот во свијок и активен заден диференцијал.

Новиот Х3 ќе биде едвај поголем од сегашниот модел, но ќе има поголемо меѓуоскино растојание место сегашните 2795 милиметри оските ќе бидат развлечени на 2880 милиметри. Целта на ова развлекување е задоволување на новите краш тест регулативи.

Како ќе изгледа новиот Х3 барем за сега останува непознаница, би требало да го задржи ликот на класичен SUV, бидејќи за оние купувачи кои ќе сакаат SUV во спортски стил во BMW подготвуваат негова купе варијанта која ќе ја понесе ознаката Х4. Се вели дека Х4 е веќе дизајниран но за да пристигне кај купувачите ќе мора да ги почека продажните резултати на новиот Х6.

Во новиот Х3 ќе работат четири дизели и два бензинци. Претставници на дизелите се 2.0d со 177 КС, 2.0sd со 204 КС, 3.0d со 245 КС и 3.0sd со 300 КС. Кај бензинците на располагање ќе бидат 2.5i со 231 КС и 3.0si 305 КС.

Технологијата Efficient Dynamics ќе ја носат сите верзии на Х3, па така без оглед дали под хаубата работи дизел и бензинец автомобилот ќе биде опремен со систем старт/стоп, дизелите ќе имаат DeNOx катализатор, а на располагање ќе биде и новиот 8 степен менувач на ZF.

Дополнително Х3 ќе биде опремен со активни амортизери, електрохидраулични сопирачки и темпомат од најновата генерација со кој е возможно успорување на автомобилот до застанување.

Новиот Х3 ќе се произведува во фабриката на BMW во Спартанбург, Јужна Каролина, САД, поради слабиот долар. Што значи дека со предвидената продажба од 160.000 примероци годишно профитот на BMW ќе нарасне уште повеќе.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook